Претходна статија
Изградбата на ХЕ „Бошков мост“ ставена под знак прашање
Следна статија
Поништен Конкурсот за фасадите околу плоштадот „Филип Втори“

Како до изградба на енергетски ефикасен објект?

Објавено на 23.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Терминот „енергетска ефикасност“ е нашироко употребуван во нашите медиуми како ново задолжение за македонските граѓани. Инвеститорите на секој нов објект што се гради на територијата на Република Македонија се должни од 1 јануари 2015 година да ги применат мерките за енергетска ефикасност. Воедно, станбените згради, куќите и објектите на државните и на јавните институции ќе мора да ги применат овие мерки за заштеда на енергија најдоцна до зачленувањето на нашата земја во Европската унија. Но, најважното прашање што се поставува кај македонските граѓани е следново: Како вашиот објект би можел да стане енергетски ефикасен?

 

 

 

Како и секогаш, MarketKonekt во Водичот за градежништво ги има најдобрите можни решенија за ефикасно спроведување на мерките за заштеда на енергија во вашите простории. Енергетската ефикасност бара системско градење или реконструкција на еден објект, што означува целосно имплементирање на мерките за енергетска ефикасност на надворешните или на внатрешните ѕидови, поставувањето адекватни прозорци и врати во просториите, како и изолација на кровот и поставувањето на соодветна кровна конструкција.

 

Најзначаен сегмент од реализацијата на еден енергетски ефикасен објект е изведбата на термичка фасада. Основен градежен материјал за нејзината изведба е стиропорот или пак камената волна. Едноставно и економично решение за вашата нова фасада е вградувањето на стиропорот EPS – панели од експандиран полиестрен, кој со соодветен лепак за стиропор се поставува на надворешните ѕидови на објектот. Ако се одлучите за врвна звучна изолација и дополнителна противпожарна заштита на надворешните ѕидови, тогаш посоодветно решение е камената волна при оформувањето на идеална контактна фасада.

 

 

 

Уште еден значаен градежен материјал при изведбата на термоизолацијата е завршниот малтер што се нанесува на веќе изработената подлога. Препорачуваме структурален абриб покривач за надворешни и внатрешни површини, како успешен завршеток за новата фасада на вашиот објект. Една значајна алка при реализацијата на термичка фасада е изнајмувањето и монтажата на скеле, без кое градежните работници не би можеле да го остварат посакуваното решение за идниот изглед на објектот.

 

За оние инвеститори заинтересирани за иновативни решенија при изведба на енергетската ефикасност на надворешните ѕидови се препорачуваат магнум плочите како современ градежен материјал за обложување на фасадите. Покрај класичното ѕидање со термо блокови, новите објекти можат да постигнат адекватна заштеда на енергија ако се изведуваат и со примена на алуминиумски композит панели. Станува збор за градежни материјали од кои се оформува конструкцијата на магацини, логистички центри, индустриски објекти, спортски сали, куќи и друг вид на објекти во кои е неопходно регулирањето на точно одредена температура. Овие панели овозможуваат перфектна изолација и се одличен алтернативен материјал за градење.

 

 

 

Покрај изведбата на термичката фасада, спроведувањето на енергетската ефикасност не завршува тука. Неопходно е целосно обвиткување на објектот, со цел да се сведе на минимум испуштањето на потрошената енергија од внатрешните простории кон надвор. Првиот чекор е изборот на адекватни енергетски ефикасни прозорци, кои се составени од PVC профили за прозорци и од стакло. Овие прозорски системи се состојат од различен број на комори, од кои зависи степенот на оддавање на енергијата кон надворешноста. Уште една значајна компонента во постигнувањето висока заштеда на енергија во вашиот објект се вратите. MarketKonekt нуди широк избор на блиндирани врати, сигурносни брави за блиндирани врати и посебни огноотпорни врати.

 

 

 

На самиот крај, при инвестирање во енергетската ефикасност најмногу забораваме на кровната конструкција на објектите. Дури и ако сме ги смениле прозорците и сме поставиле термо фасада, опасноста од оддавање на енергија кон надворешноста е повторно присутна, особено кај куќите и кај другите објекти со помала квадратура. Енергетската ефикасност е особено специфична за спроведување кај косите кровови, за кои се нудат уникатни системи за изолација. Ако се одлучите за имплементирање на мерките за енергетска ефикасност на вашиот кров, тогаш должно внимание посветете и на неговата темелна реконструкција. MarketKonekt ви нуди пластифициран лим за кров, со сертификат за издржливост и носивост.