Успешно реализирани проекти и остварена добивка се двете главни карактеристики за најголемите македонски градежни претпријатија, во однос на остварените резултати во текот на минатата година. Според неконсолидираните и неревидирани финансиски извештаи на компаниите „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје, остварен е позитивен финансиски биланс во текот на 2012 година. „Гранит“ остварил нето добивка од 324.642.000 денари или околу 5,3 милиони евра, што е за 15% помалку во споредба со 2011 година. Главниот приход од работењето на оваа компанија доаѓа од проектите што се реализирани на македонскиот пазар, иако во текот на минатата година е забележан пораст на изведените градежни активности на странските пазари.
За разлика од намалениот профит на „Гранит“, кај скопски „Бетон“ во текот на 2012 година е регистрирано позначително зголемување на добивката. Финансискиот извештај покажува дека е остварена нето добивка од 44.661.000 денари или околу 725 илјади евра, што е за дури 26,2% повеќе во однос на 2011 година. Целокупниот приход на оваа компанија е остварен од извршување градежни работи на домашниот пазар, без ниту еден реализиран проект надвор од Македонија. За разлика од минатата година, „Бетон“ од Скопје во рамките на 2011 година забележал нето добивка од 35.384.000 денари.