Претходна статија
Уставен суд го врати ДУП-от за „Скопје 2014“ повторно во сила
Следна статија
Новиот мултимедијален културен центар во Штип ќе го носи името на Киро Глигоров

На двете вртелешки од „Скопје 2014“ ќе им се најде нова локација

Објавено на 25.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје планира двете вртелешки од проектот „Скопје 2014“ да ги премести на нови локации во паркот во Чаир и во паркот на езерата во Аеродром. Како што јавува порталот „СДК.МК“, карузелот кај зградата на „Телеком“ ќе се преместува од причина што го отежнува движењето на велосипедистите, додека втората вртелешка кај Министерството за надворешни работи ќе се дислоцира поради малиот број посетители. Конечните локации за дислокација на овие вртелешки допрва ќе се обелоденат пред јавноста.

 

 

Вртелешката на Кејот „Димитар Влахов“, во близина на Министерството за надворешни работи, беше поставена минатото лето. Овој карузел чинеше околу 190.000 евра, но до денешен ден не проработе во полна пареа. Првата вртелешка од проектот „Скопје 2014“ беше поставена во април 2013 година  и функционираше во изминативе пет години. Сепак, нејзината локација во континуитет го отежнува движењето на пешаци и велосипедисти, првенствено поради тоа што е поставена среде Кејот „13 Ноември“. За првата вртелешка се потрошија околу 163.000 евра од градскиот буџет.