Светски познатиот професор по урбанизам Јан Гел на 5 септември ќе ја промовира својата книга „Градови за луѓе“ во скопскиот хотел „Александар Палас“. Несекојдневниот настан е во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и се одржува по повод објавувањето на неговата книга на македонски јазик. Во рамките на еднодневниот настан, предвидено е да се потпише и Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и професорот Јан Гел. Претстојниот настан ќе опфати и работилница со наслов „Скопје-Град за сите“.
Книгата „Градови за луѓе“ досега е преведена на 35 јазици низ целиот свет. Данскиот професор Јан Гел се смета за еден од најзначајните експерти при проектирањето на јавни простори на денешницата. Овој еминентен професор пред една година одржа и свое предавање на Архитектонскиот факултет во Скопје.