Претходна статија
Со 4,9 милиони денари ќе се гради зип - лајнот на Скопското Кале
Следна статија
Нови 5,3 милиони денари за довршување на реконструкцијата на Чифте Амам

На 1 април работилница „Нови содржини за Старата скопска чаршија“

Објавено на 29.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Работилницата „Нови содржини за Старата скопска чаршија“ ќе се одржи на 1 април, со почеток од 19 часот, во SkULL во чаршијата. Студентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ со обработка на четири теми (Нови зелени површини; Нови јавни простори; Трансформација на паркинг простори; и Подобрување на пристапност и движење) ќе дадат свои предлози за натамошен развој на Старата скопска чаршија. Педагошкиот тим што ја предводи работилницата е составен од професорите Влатко П. Коробар, Јасмина Сиљаноска и Марија Мано Велевска.