Претходна статија
Обновена фасадата на Куќата на Бектешовци во Прилеп
Следна статија
Ќе се гради нов студентски дом на местото на „Медицинар“

МЖ – Транспорт вложува во поправка на дотраените товарни вагони

Објавено на 17.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#За обезбедување на поквалитетен товарен железнички сообраќај ќе се реконструираат 50 товарни вагони од сериите „Eas“ и „P 397“. Македонски железници – Транспорт потпиша договор со велешката фабрика „Колска“ за средна поправка на вагони за превоз на стока со вградување на нов метален под. Ремонтните активности ќе се реализираат етапно во наредните 12 месеци и треба да завршат најдоцна до април догодина. Вредноста на инвестицискиот зафат изнесува 35.082.834 денари или приближно 570 илјади евра. За овозможување подобри услови за одвивање на превозот на стоки за компаниите со кои соработува, државното транспортно претпријатие склучи сличен ваков договор и во ноември минатата година, така што вкупниот број на товарни вагони што треба да се реконструираат во наредните месеци се искачи на 90, додека вкупната инвестиција се достигна над 1 милион евра.

 

Покрај во делот на поправката на постоечките вагони, МЖ – Транспорт во наредните месеци треба да го објави и меѓународниот тендер за купување на 150 нови товарни вагони. Железницата во рамките на минатата година забележа значителен пад во товарниот сообраќај од 21,8 отсто во споредба со 2011 година. Покрај намалениот транзит на стоки преку Коридорот 10, македонските компании во неколку наврати напоменаа дека причина за намалувањето на обемот на транспорт е и дотраениот возен парк на претпријатието. Поголемите металуршки капацитети се согласни дека во одредени периоди тој не може да ги задоволи потребите за транспорт на нивните производи.