Претходна статија
Со новиот ДУП за Карпош-4 би се исекле околу 500 дрвја
Следна статија
Јануари носи помалку предвидени станови за градење во земјава

„Монтесори“ комплекс ќе се гради во Општина Илинден

Објавено на 07.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фирмата „Изворче – Монтесори“ планира да гради приватна детска градинка, приватно основно училиште и научно – истражувачки центар за деца во Општина Илинден. Оваа фирма неодамна купи парцела од 10.400 метри квадратни, на која е предвидено да се изгради образовниот комплекс. По тој повод, во Домот на културата „Илинден“ денеска се одржа презентација на проектот. Главна карактеристика на комплексот е големата површина под зеленило, која подразбира изведба на стакленик, дрворед, ливада, тревник, парк-шума, цветна површина и водена површина.

 

 

 

Научно – истражувачкиот центар за деца ќе биде единствен од ваков вид во земјава, како и еко и агро градината што ќе им бидат достапни на децата. „Вистина сум горд што од „Монтесори“ ја одбраа Општина Илинден за општина во која ќе се применува еден од најнапредните системи на едукација во светот“, изјави градоначалникот Жика Стојановски.

 

 

 

Со денешната презентација на проектот е означен почетокот на активностите за изградба на комплексот „Монтесори“ во Општина Илинден.