Претходна статија
Колку чини гасификацијата на Македонија?
Следна статија
Новите ДУП-ови во Општина Аеродром ги скараа партиите

Молк од министерот Зоран Ставрески за новото училиште во Капиштец

Објавено на 22.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо да се произнесе министерот за финансии Зоран Ставрески, на вчерашните тврдења на Општина Центар за владино блокирање на изградбата на новото училиште во населбата Капиштец денеска одговори дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов. Тој вели дека надлежниот сектор за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг во ова министерство веќе 18 дена не смее да одговори на неговата писмена ургенција. Заменик министерот Кире Наумов поставил прашање за тоа дали документацијата на барањето на Општина Центар е целосна или се потребни дополнителни податоци.

 

 

 

„Ако во минатото за барокните градби во Општина Центар министерот Ставрески ги потпишувал одобренијата за не повеќе од две недели, сега за изградба на основно училиште ни после 35 дена од поднесено барање не може да се добие одговор до каде е постапката. Не навлегувајќи во крајната одлука на министерот Ставрески, јасно е дека во делот на процедурите се работи за двојни аршини во постапувањето“, нагласува заменик министерот Кире Наумов.

 

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски вчера го обвини министерот Зоран Ставрески за блокирање на изградбата на новото основно училиште во населбата Капиштец. Тој ја извести јавноста дека цел месец чекаат потпис на документот за задолжување на општината, кој претставува чиста формалност која го кочи стартот на изградбата. Општина Центар во објектот планира да инвестира околу 4,6 милиони евра, без вклучен ДДВ. Новото училиште треба да обезбеди современи простории за следење на настава на 500 ученици на возраст од 6 до 15 години.