Претходна статија
Земјиштето во индустриската зона „Металец“ целосно распродадено за 16 милиони денари
Следна статија
Свечено отворен „Паркот на езерата“

Митрополит Теодосиј Гологанов со булеварски профил на нови 750 метри

Објавено на 18.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Улица Митрополит Теодосиј Гологанов (извор: Град Скопје)Денеска стартуваа градежните работи за реконструкција и проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, на сегментот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Братфордска и булеварот 8-ми Септември, во должина од околу 750 метри. Како и на делот опфатен со минатогодишната прва фаза, сообраќајницата на овој потег ќе добие 4 коловозни ленти без средишно зеленило, а според најновите информации кои денеска ги соопшти градската администрација, ширината на коловозот ќе биде 16, наместо првично најавените 13 метри. Од двете страни ќе се формираат тротоари со широчина од по 3,5 метри, поплочени со бехатон плочки на вкупна површина од 6.500 метри квадратни. Во рамки на проектот планирано е да се изгради атмосферска канализација во должина од 1.500 метри, со дијаметар од 200 и 400 милиметри, а завршниот слој асфалт ќе биде изработен со полимер којшто го забавува стареењето на коловозот и формирањето на колотраги.

 

Почеток на градежни работи (извор: Град Скопје)Градот Скопје за овој инфраструктурен зафат од буџетот издвои 47 милиони денари или околу 765 илјади евра. Изведувач на градежните работи е фирмата „Транс Мет ДОО“, која треба да го реализира проектот во рок од 90 работни дена. Првично беше најавено дека во оваа втора фаза ќе се опфати тројно подолг сегмент од сообраќајницата, односно од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Московска, кај студентскиот дом „Гоце Делчев“. Засега нема информации дали и кога ќе се оствари најавата.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект