Претходна статија
Започна изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче
Следна статија
Велес ќе гради затворен градски пазар

Министерството за култура ќе изработи анализа за „Скопје 2014“

Објавено на 30.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на 28 јули ја формираше Работната група за изработка на Анализа за реализацијата и последиците од т.н. „Проект Скопје 2014“. Целта на овој потег е да се изврши евалуација на сите аспекти од проектот во надлежност на Министерството за култура, но и да се дадат предлози за можни решенија и мерки за реализација на активности во наредниот период. Координатор на Работната група е универзитетскиот професор Мирослав Грчев, а нејзини членови се: Никола Наумоски, Мартин Пановски, Донка Барџиева – Трајковска и Златко Теодосиевски.

 

 

„На првиот состанок, членовите на Работната група констатираа дека најнапред ќе биде потребно да извршат инвентаризација на сите објекти од т.н. „Проект Скопје 2014“, која ќе биде составен дел од Анализата. Членовите, исто така, констатираа дека ќе биде потребно формирање на специјализирани подгрупи, составени од докажани професионалци од повеќе сфери релевантни за Анализата, а коишто ќе третираат различни аспекти од т.н. „Проект Скопје 2014“ информираат од Министерството за култура.

 

Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ на БИРН, во овој контроверзен проект досега биле потрошени над 683 милиони евра за изградба на 137 документирани објекти во периодот до 2017 година.