Претходна статија
Распродадени парцелите во индустриската зона Сачево
Следна статија
Повеќе патници, помалку стока за македонските транспортери

Министерството за финансии ќе се сели во „Југобанка“

Објавено на 08.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Денес беше означен почетокот на долго најавуваниот проект за доградба на „вечната карабина“ на бившата „Југобанка“ во центарот на Скопје. Со инвестиција вредна 550 милиони денари, запуштената зграда треба се трансформира во современ административен објект во кој ќе се всели Министерството за финансии, вклучувајќи ги Управата за имотно-правни работи, Државниот девизен инспекторат и Бирото за јавни набавки. Министерството во моментов е дисперзирано во простории на осум различни локации, од кои за пет локации плаќа закуп.

 

#Карабината која почна да се гради во далечната 1987 година, според описот на надлежните ќе добие фасада во неокласичен стил. Зградата ќе располага со 14.000 метри квадратни, распоредени на 11 нивоа. Во склоп на објектот ќе има прес-центар , како и најсовремена компјутерска систем сала, која ќе овозможи непречено и стабилно функционирање на целокупниот компјутерски систем, а пред се на Трезорот и Буџетот како витални сектори на Министерството за финансии и на платниот промет во државата.

 

Рокот за заокружување на проектот е првиот квартал на 2012 година, а изведувач на работите е словенечката компанија „Енергоплан“, која го доби тендерот, иако понуди повисока цена од домашен „Бетон“. Надлежните ова го образложија со разликата во квалитет помеѓу двете понуди. Проектот го изработи „Македонијапроект“.

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде