Претходна статија
Украинскиот „ЛАЗ“ ја доби зделката за 84 автобуси за Скопје
Следна статија
Проширувањето на Првомајска најавено за напролет

Меркатор повторно го актуелизира влезот во Македонија

Објавено на 11.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Меркатор ЦентарСловенечки Меркатор најавува дека наскоро ќе почне со продор во Македонија. Од компанијата тврдат дека анализите се завршени и дека подготовките за инвестирање се при крај. Како приоритетен проект се наведува изградба на „Меркатор Центар“ на локација од 50.000 метри квадратни, во непосредна близина на салата „Борис Трајковски“ и базенот „Младост“. Ова земјиште Меркатор го купи во 2005, кога и основаше фирма во Македонија, но реализацијата на овој проект тапкаше во место поради компликации околу имотно-правните односи. Според Јордан Минов, првиот човек на Меркатор Македонија, проблемите се надминати и сега се посветени на средување на вообичаените формалности. Тој очекува неколку месеци интензивна работа на ова поле пред да бидат обезбедени сите дозволи, односно пред да се пристапи со градба. После овој приоритет, Минов најавува и посветување на другите поголеми македонски градови, се според развојниот план на Меркатор за Македонија, подготвен за периодот најдоцна до 2012 година“.


Меркатор е присутен во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Бугарија, а се подготвува за продор во Македонија, Албанија и Косово. Во стратегијата на Меркатор е предвидено до 2012 да „завладее“ со 5% од македонскиот пазар. Најавите за влез во Македонија не се нови, но досега не биле толку конкретни.