Културната установа „Иљо Антески – Смок“ склучи договор со „Мегарон инженеринг“ од Скопје за изработка на проектна документација за ентериерното уредување на новиот објект на Театарот и библиотека – Тетово. Проектантите ќе добијат рок од 4 месеци за да ја обезбедат неопходната документација, со која што конечно би се ставил крај на долгогодишната изградба на ова културно здание во Тетово. Проектот за фаза ентериер ќе чини 4.548.900 денари, се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки.
Министерството за култура од годинешниов буџет издвои 250 милиони денари за довршување на проектот Театар и библиотека – Тетово. Тетовската фирма „Урбан План Конструкти“ е избрана за изведувач на ова здание, која ќе продолжи со работа на ентериерот во септември. Од државниот буџет за изградба на новиот објект досега се издвоија околу 13,3 милиони евра.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk