Претходна статија
Пуштен во употреба пазарот во Пробиштип
Следна статија
Заврши изработката на проектот за реконструкција на конаците во манастирот во Трескавец

Манастирот Трескавец од денеска поврзан со асфалтен пат

Објавено на 28.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски го пушти во употреба новиот патен правец од Прилеп до манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец. Патната врска во должина од 7,5 километри во изминативе 12 месеци ја градеа екипи на градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Од државниот буџет за овој проект се одвоија 83 милиони денари, односно околу 1,4 милиони евра.

 

извор: Влада на РМ

 

 

Премиерот во својот говор истакна дека со реализацијата на патот овој манастирски комплекс ќе стане поатрактивна дестинација за туристите и со него ќе се овозможи развојот на манастирски и на алтернативен туризам. Тој најави и дека македонската влада ќе ја поддржи обновата на опожарените конаци на манастирот во Трескавец, за чија целосна реализација ќе бидат потребни околу 1,3 милиони евра. Оперативата на скопската компанија целосно го изведе овој проект речиси шест месеци пред предвидениот рок.

 

извор: Министерство за култура