По одлуката на Уставниот суд со која беа укинати последните измени на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ поради повреда на процедурата, Општина Центар започна редовна постапка за донесување на ДУП-от. Вчера во неколку метри квадратни во просториите на Урбаната заедница Мирче Ацев беше организирана јавна презентација, а јавната анкета на која заинтересираните ќе можат да достават писмени забелешки ќе трае до 11 август. Поради несоодветните услови, од Општината оставија можност за повторување на презентацијата во рокот додека трае анкетата. „Новиот“ ДУП во однос на содржината нема поголеми измени од претходната верзија. Професорот Михаил Токарев во име на Асоцијацијата на архитекти на Македонија остро реагираше на неколку аспекти на планот.
„Мал Ринг“ опфаќа 54 хектари во строгиот центар на Скопје и неговите граници се: на север булеварот Гоце Делчев, на исток булеварот Војвода Васил Аџиларски, на југ булеварот Даме Груев, а на запад булеварите Даме Груев и ВМРО. Планот е дело на „ИНПУМА“.
Форумска дискусија за ДУП Мал Ринг » овде