Претходна статија
Опозицијата и невладиниот сектор бараат сопирање на изградбата на хотелот во Лагадин
Следна статија
Градот го преуредува паркот Жена-борец

„Макпетрол“ отвори бензинска станица кај аеродромот „Александар Велики“

Објавено на 15.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

„Макпетрол“ денеска ја отвори својата 126-та по ред бензинска станица во синџирот на малопродажни објекти за горива на територијата на Македонија. Објектот е изграден на градежно земјиште во рамки на индустриската зона „Ќојлија“ и се наоѓа во непосредна близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Во новиот објект се инвестирани околу 200 милиони денари. Граѓаните на бензинската станица ќе можат да се снабдат со еуросупер 95, еуродизел, автоплин и метан. Во склоп на објектот се наоѓа и современа продавница. На новата локација е изградена станица за компримирање на природен гас, со што истиот ќе им биде достапен и на оние потрошувачи до кои магистралниот гасовод не е изграден.

 

 

Од „Макпетрол“ информираа дека годинава ќе продолжи инвестицискиот циклус и во други објекти на територијата на земјава. Во моментов привршува изградбата на нова бензинска станица во близина на Вевчани, додека годинава ќе се реализираат вложувања во осовременување и модернизација на неколку други објекти од малопродажната мрежа.