Претходна статија
Одржана јавна дебата за „Луково Поле“
Следна статија
ОСВРТ: Балкански центри за евтини авионски летови

Макоил ќе ја гради катната гаража кај МЕПСО

Објавено на 14.01.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште во центарот на Скопје, наменето за изградба на катна гаража. Со понудени 30.500 денари за метар квадратен, односно вкупно 24.430.500 денари, за најповолен понудувач беше одбрана фирмата „Макоил“ ДООЕЛ експорт-импорт од Скопје. Почетната цена изнесуваше 7.600 денари за метар квадратен. Парцелата е со големина од 801 квадрати и се наоѓа на улица Орце Николов, веднаш до Извадок од ДУП Мал Рингседиштето на МЕПСО. Максималната висина на објектот е ограничена на 29 метри, а бруто развиената површина изнесува 8.010 метри квадратни. Најповолниот понудувач е должен да гради согласно идејниот проект кој претходно е изработен за оваа намена и кој треба дополнително да го откупи од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Се тврди дека идејниот проект предвидува современо фасадно обликување.


Оваа катна гаража беше една од четирите кои Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор требаше да ги гради во центарот на Скопје, но како што соопштуваат одтаму, се откажале поради неможност да обезбедат средства и го вратиле земјиштето на државата. Во ЈПССДП опстојуваат на планот за преостанатите три објекти. За „барокната“ гаража  од другата страна на МЕПСО, на кејот на Вардар, веќе е земен кредит, а привршувала постапката за избор на изведувач. Почеток на изградбата се најавува за напролет. За катната гаража кај ССМ наскоро треба да биде обезбеден друг кредит, додека за објектот кај Музејот на холокаустот привршува расчистувањето на имотноправните односи.


Ниту на  „Макоил“ ова не им е единствен проект од областа на паркирањето. Кон крајот на 2009 фирмата по цена од 680 денари за метар квадратен годишно, доби на долготраен закуп 2.432 квадрати зад Собранието на Република Македонија, наменети за изградба на подземна гаража. Оваа зделка ја следеа контроверзи во јавноста, поради специфичноста на локацијата и нерегулираните безбедносни аспекти.