Претходна статија
1.100 до 3.000 евра за квадрат во облакодерите на „Џеваир“
Следна статија
Поставен камен - темелник на ПЕТ Центарот

Македонските градежници се враќаат на пазарите во Либија и Индија

Објавено на 07.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државниот завод за статистика во периодот јануари – септември 2013 година регистрирал пораст на договорените и извршените градежни работи од страна на македонските компании на странските пазари. Вкупната вредност на договорените зделки работи надвор од земјава изнесува 5.127.810.000 денари (83 милиони евра), што е за 1,6% повеќе во споредба со истиот период лани. Во наведениот период, македонските градежници на странските пазари извршиле градежни работи во вкупна вредност од 1.284.623.000 денари (21 милион евра), што е за 80,7% повеќе во однос на првите девет месеци од минатата година.

 

Градежната оператива од земјава во изминатите девет месеци се вратила на пазарите во Либија, Индија, Словенија и Бугарија, но истовремено се повлекла од Украина. Босна и Херцеговина и понатаму останува лидер според договорените и извршените градежни активности на домашните фирми од градежниот сектор. Зголемен обем на извршени градежни работи е забележан на пазарите во Франција, Холандија и Германија, додека во останатите земји е констатирана намалена активност.