Претходна статија
Околу 9 милиони евра за продолжување на владиниот проект за изградба на 100 спортски игралишта
Следна статија
ХЕ „Бошков мост“ ќе почне да се гради на крајот од годинава или на почетокот од 2014 година

Македонските градежници се враќаат на странските пазари, Индија како најголем предизвик

Објавено на 09.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во првите три месеци од 2013 година е забележан исклучителен раст на договорените и извршените градежни работи на македонските компании на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на договорените градежни активности во странство изнесува 4.835.382.000 денари или околу 78,5 милиони евра, што е за дури 27 пати повеќе во однос на вредноста на потпишаните договори од истиот период лани. Градежната оператива од земјава во периодот јануари – март 2013 година извршила изведбени активности на странските пазари во вредност од 192.839.000 денари или нешто над 3,1 милиони евра, што претставува раст 348,7% во споредба со првото тримесечје од 2012 година.

 

извор: Државен завод за статистикаизвор: Државен завод за статистика

 

 

Склучените зделки во Индија и во Босна и Херцеговина се главната причина за огромното позитивно придвижување во однос на вредноста на потпишаните договори, а Индија фигурира на прво место и на листата на извршени градежни работи. Зголемен обем на извршени градежни активности е забележан и на пазарите во Италија и Германија. Покрај големиот индиски пазар, нови држави во кои македонскиот градежен сектор ќе реализира проекти во претстојниот период се Швајцарија, Бугарија и Словенија.

 

 

» Форумска дискусија на оваа тема