Претходна статија
Стручната јавност со критики кон измените во Законот за градење
Следна статија
Граѓаните и компаниите да побрзаат со изработката на геодетските елаборати за дивоградбите

Македонските градежници повторно ги освојуваат странските пазари

Објавено на 19.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По неколкугодишната изведба на проекти воглавно во нашата земја, домашните градежни компании повторно се пробиваат на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари – јуни 2014 година изнесува 6.046.991.000 денари (98,3 милиони евра), што е за 27,7% повеќе во споредба со идентичниот период лани. Покрај склучените договори за наредниот период, македонските градежници во првото полугодие од годинава извршиле градежни работи во вкупна вредност од 616.615.000 денари (10 милиони евра), или за 41,8% повеќе во однос на првото полугодие од минатата година.

 

 

 

Во периодот јануари – јуни 2014 година е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и БиХ, додека на другите пазари е констатиран намален обем на активности. Како нови пазари за домашните градежни компании се јавуваат Хрватска и Франција.