Претходна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Пристигнаа спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев
Следна статија
Свечено ставен во функција новиот кеј во Кавадарци

Македонските аеродроми конечно дел од сајтот на ТАВ

Објавено на 03.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле конечно се најдоа на веб сајтот на концесионерот – турски ТАВ. На сајтот се презентирани попрецизни информации за обемот на работите кои претстојат на двата македонски аеродроми. На Александар Велики треба да никне нова терминална зграда од 40.000 метри квадратни (осумпати поголема од постечката), со 6 „мостови“ за влез и излез на патници од авионите и со капацитет за 6 милиони патници годишно. Пистата ќе добие дополнителна површина од 38.100 метри квадратни, односно ќе се продолжи за 500 метри (од 2,5 на 3 километри), а ќе биде изградена и нова платформа за воздухопловите со големина од 25.000 квадрати. Ќе бидат изградени сообраќајници и клучки со површина од 44.400 и паркинг простор од 42.500 метри квадратни. Исто така ТАВ ќе подигне карго објект со годишен капацитет од 40.000 тони и нова административна зграда со површина од 5.000 метри квадратни. Крајниот рок за реализација на проектот е октомври 2011.


На аеродромот Св. Апостол Павле треба  да се изгради ВИП објект, административна зграда и хангар за авиони. Охридскиот аеродром ќе добие и платформа за воздухоплови со големина од 36.000 метри квадратни, како и нов паркинг со големина од 11.000 метри квадратни. Исто така предвидено е реновирање на објектите во карго центарот, а ТАВ треба да воведе и нов систем за управување со багажот. Обврска на концесионерот е овие работи да ги заврши до март 2011.


Од ТАВ постојано ги реафирмираат нивните планови за претворање на скопскиот аеродром во регионален центар. Стартот на градежните работи веќе подолго време се одложува, а како причина се наведува чекањето на посетата на Македонија на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој треба да присуствува на свечениот чин.



Визуелизација на терминалот на скопскиот аеродром