Претходна статија
Државата продава уште една парцела за „барокен“ хотел под Кале
Следна статија
Град Скопје ќе се задолжува за изградба на подземна сообраќајница

Македонскиот фудбал ќе добие своја куќа

Објавено на 11.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На брегот на Вардар во скопската населба Ново Лисиче [»мапа], денеска  беше официјално поставен камен – темелник за новата административна зграда на Фудбалската федерација на Македонија. Објектот на кој ФФМ му го даде името „Куќа на фудбалот“ ќе има површина од 4.000 метри квадратни и треба да биде завршен во рок од 12 до 15 месеци. Изведувач на градежните работи е „Масон Инженеринг“, а надзорот го врши „Балкан консалтинг“.

 

Покрај „Куќата на фудбалот“, комплексот на ФФМ ќе има и стадион за 3.000 гледачи (за кој засега нема најава за реализација), како и четири помошни игралишта. Помошните игралишта почнаа да се градат во март минатата година и требаше да бидат готови во рок од седум месеци. Две од нив конечно се во завршна фаза на изградба. Целиот комплекс чини 4 милиони евра, средства кои во најголем дел ги обезбеди УЕФА.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Поглед кон административниот објектПоглед кон административниот објектПоглед кон помошните игралиштаПоглед кон помошните игралишта

 

Идниот изглед на административниот објектУрбанистички план за реонот