Претходна статија
Започна изградбата на нов стопански објект во Општина Илинден
Следна статија
Во „барок“ ќе премине жолтата куќа до владата

Македонски Брод ќе развива еко-туризам со пештерата „Пешна“

Објавено на 22.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нова локација за развој на алтернативниот туризам ќе добие Општина Македонски Брод. Локалната власт сака да го уреди локалитетот на пештерата „Пешна“, за која се обезбедени финансии од Програмата за рурален развој на земјава. Проектот предвидува поврзување на пештерата со локалниот пат преку изградба на пешачки патеки, додека по должината на патеките се предвидува поставување на два пешачки моста, плато пред црквата и плато пред самата пештера, со кои ќе се овозможи одржувањето на културно – уметнички манифестации.

 

Локалната самоуправа потпиша договор со кичевската фирма „Перпарими“ од Зајас за спроведување на најавеното уредување на околината на пештерата „Пешна“. Проектот треба да се реализира во период од 12 месеци, а ќе чини околу 200.000 евра.