Претходна статија
Главната пошта ќе се реконструира, раководството молчи за зафатот
Следна статија
Чаир бара консултант за гасификација

Македонска Каменица доби нов градски пазар

Објавено на 09.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната власт од Македонска Каменица успешно го заврши проектот за изградба на нов пазар во градот. Современото здание со површина од 2.133 метри квадратни веќе е пуштено во употреба и истото се состои од покриено – отворен дел за продажба на зеленчук и покриено – затворен дел за продажба на останати прехранбени производи. Објектот е изведен од специјални огноотпорни материјали, со комплетна опрема за извршување на пазаришната дејност, осветлување и со јавен тоалет.

 

 

Визуелизација од идејното решение врз чија основа се реализираше проектот

 

 

Реализацијата на долгогодишната потреба на граѓаните од овој град започна во септември минатата година. Во новиот градски пазар се вложени околу 30 милиони денари од буџетот на општина Македонска Каменица. Од локалната самоуправа информираат дека во наредните месеци ќе се заврши и просторот за продажба на камионски приколки, како составен дел од пазарот.

 

 

Извор: Општина Македонска Каменица

 

 

» Форумска дискусија за овој проект