Претходна статија
Ќе се заинтересира ли Холивуд за филмскиот град во Зелениково?
Следна статија
Заврши реконструкцијата на битолската Зоолошка градина (ДОПОЛНЕТО)

Македонија позајми 305 милиони евра за инфраструктурни проекти

Објавено на 05.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Магистралниот пат Прилеп - Градско, близу ДреновоПругата од Бељаковце до Крива Паланка, автопатот Струга – Требеништа и експресните патишта Прилеп – Градско, Охрид – Пештани и Штип – Кочани ќе се финансираат со кредит во висина од 305 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој (EBRD). Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ги потпишаа двата договори за инвестирање во развој на македонските патишта и железницата. Со позајмените пари ќе се финансира втората фаза од изградбата на железничкиот Коридор 8, која ја опфаќа трасата од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри.

 

Со дел од кредитот  (145 милиони евра) ќе се финансира изградбата на железничката инфраструктура, која се состои од 35 километри отворена пруга, 14 тунели, 11 мостови, санација на 33 од постоечките мостови, две железнички станици во Кратово и Гиновце, три стојалишта, надвозници, подвозници, сигнално – сигурносни и телекомуникациски уреди. „Очекуваме врз основа на потпишувањето на договорот и направените подготвителни работи некаде после летото 2015 година, значи за осум до девет месеци да почне изградбата на втората фаза. Првата фаза е во тек и треба да заврши до септември 2016 година“ изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

 

Поголем дел од кредитот (160 милиони евра) е наменет за надградба за патната мрежа во земјава. Со финансиските средства од EBRD ќе се реализира автопатот Струга – Требеништа во должина од 8,5 километри, новиот експресен пат од Охрид до Пештани, но и ќе се надградат во експресни патишта постоечките магистрали Прилеп – Градско и Штип – Кочани. Подигнатиот кредит е со рок на отплата од 15 години, грејс период од четири години и моментална каматна стапка од околу 1,5%.