Претходна статија
Првата регионална депонија по европски стандарди би се градела во Свети Николе
Следна статија
Со државни средства годинава ќе се градат 11 нови детски градинки

Македонија ја отпочнува дигитализацијата на градежништвото

Објавено на 04.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со проектот „BIMcert“ во наредните години во Македонија ќе се изврши имплементација на BIM (Building Information Modeling) системот во градежништвото, со кој ќе се воведе дигитализација на градежниот сектор. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска присуствуваше на отворената сесија на состанокот на членките кои го сочинуваат конзорциумот што ќе го реализираат овој проект. Вицепремиерот Анѓушев посочи дека овој проект има три цели – дигитализација на градежништвото, подигнување на нивото на енергетската ефикасност во градежните објекти и заштита на животната средина.

 

 

Овој проект ќе се спроведува во 5 земји, а предвидено е во него да се вклучат 250 мали и средни претпријатија. Во процесот на обука ќе бидат вклучени над 2.000 професионалци од градежниот сектор, од кои се очекува создавање на над 1.000 стручни лица кои би можеле да го имплементираат BIM во градежништвото. Оваа дигитална технологија е создадена во функција на еколошката одржливост на градежниот сектор и е најефикасна алатка за постигнување на потребниот енергетски перформанс на зградите.

 

Партнери во реализација на проектот се седум научни институти, помеѓу кои е и Научниот институт за истражувања во градежништвото, животната средина и енергетиката (ИЕГЕ – Скопје), додека проектот го предводи Belfast Metropolitan College од Велика Британија. Освен во Македонија, проектот ќе се имплементира во Велика Британија, Република Ирска, Португалија и Хрватска. Проектот е поддржан со средства од програма на Европската комисија за технолошки развој и иновации „Хоризонт 2020“, во вредност од 1,25 милиони евра.