Претходна статија
Бројот на станови што ќе се градат, во август пораснал за 205%
Следна статија
Која компанија ќе гради катна гаража во населбата Карпош-1?

Магистрален гасовод ќе се гради кон Неготино, Битола и Гостивар

Објавено на 09.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За спроведување на првата фаза од владиниот проект за гасификација на Република Македонија е обезбеден заем во износ од 90 милиони евра од Дојче банк и Ерсте група, пренесува денешен „Дневник“. Средствата ќе бидат искористени за продолжување на магистралниот гасовод од Штип до Неготино во должина од 36 километри, како и за изведба на две дополнителни линии од Неготино преку Прилеп до Битола во должина од 92 километри и од Скопје преку Тетово до Гостивар во должина од 76 километри. Со проширувањето на гасоводната мрежа ќе се обезбеди можност за гасификација на ТЕ „Неготино“, а гасот како енергенс ќе се доближи и до двете други термоелектрани во Битола и Кичево.

 

 

 

Предлогот за задолжување по итна постапка веќе е доставен до Собранието на Република Македонија. Инфраструктурниот проект ќе го реализира претпријатието Македонски енергетски ресурси. Најновото кредитно задолжување на нашата земја доаѓа во период кога се изведуваат градежните работи за реализација на примарниот гасовод од кумановското село Клечовце до Штип. Оваа магистрална делница во должина од 61 километри веќе седум месеци наназад ја гради руската компанија „Стројтрансгас“.