Претходна статија
ЕЛЕМ дава уште 3 милиони евра за класицистичката зграда во Центар
Следна статија
СДСМ: Наместо казни, субвенции за спроведување на енергетска ефикасност

М6 Едукативен Центар – место каде знаењето ги зближува успешните

Објавено на 29.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Современата економија ја движи знаењето. Основното прашање што се поставува пред деловните субјекти во услови на силна конкуренција на глобалниот пазар е како да се обезбеди поголема ефикасност во работењето, подобра репутација и конечно поголем профит. Нужна алатка во остварувањето на овие цели е континуираното образование на вработените, како модел за вистински напредок на малите, средните и на големите претпријатија во Македонија. Човечкиот капитал е највредниот капитал.

 

Како пионер во областа на доживотното учење (Lifelong Learning) во земјава, едукативниот центар М6 веќе осум години во континуитет нуди деловно образование – извор на релевантно и применливо знаење, кое се преточува во поуспешно работење. На македонските и на странските компании, невладини организации, струкови комори и асоцијации, субјекти од јавниот сектор и дипломатски мисии на располагање им се простории со површина од 1.100 метри квадратни, во кои спаѓаат два амфитеатри со капацитет од 150 седишта, четири училници со капацитет од 15 до 50 седишта, како и хол за коктели што може да прими 250 лица. Најсовремената аудио – видео техника и опремата за симултан превод на три јазици овозможува квалитетна организација на било какви обуки, семинари, тренинг – курсеви, предавања, конференции, работилници и други форми на формална и неформална едукација.

 

###

###

 

 

Исак Адижес, Брајан Бејкон, Мајкл Штурмер, Пол Клодел, Бернд Папенкорт, Ренди Кудар и Марк Хајнс се само дел од познатите светски експерти од меѓународните економски и политиколошки школи кои гостувале со свои предавања и семинари во Едукативниот центар М6. На годишно ниво, се организираат десет образовни настани што се достапни како за менаџерите на големите компании, така и за перспективните професионалци од малите и од средните претпријатија. Бенефитот од учеството на овие едукативни збиднувања не е само во стекнувањето на нови работни вештини, туку и во воспоставување и унапредување на важни деловни контакти со широка база на личности од бизнисот.

 

Основната цел на образовниот кампус е да се надградат лидерските вештини на македонските менаџери, но и знаењето и продуктивноста на севкупниот работен кадар на македонските компании. Со врвните едукативни програми се става акцент на индивидуалниот развој на професионалците, но и на формирање на ефективен тим за успешен развој на деловните субјекти. Истовремено, Едукативниот центар М6 е секогаш прилагодлив за најразлична соработка со просперитетните македонски компании и отворен за нивните специфични барања. Годишниот календар на образовни настани се формира во координација со компаниите што се членови на Одборот на старатели на центарот, така што целокупниот концепт на работа е базиран на реалните потреби на претпријатијата. Во ова управувачко тело членуваат Алкалоид, Гранит, Титан Цементарница Усје, АМСМ, Макстил, винарска визба Тиквеш и Пивара Скопје, но едукативниот центар М6 е силно заинтересиран за соработка и со сите останати субјекти од македонското општество.

 

###

###

 

 

Покрај пренесувањето на знаења, едукативниот центар М6 е вистинска локација за одржување на промотивни активности на успешните македонски приказни. Организирање на бизнис свечености на компании, информативни средби и вмрежувања меѓу професионалци и деловни субјекти, прес – конференции, претставување на нови производи, услуги и иновации на компаниите се само мал сегмент од настаните што можат да бидат препознаени од македонската јавност. Со своето втемелено искуство во работењето од неговото основање во 2007 година, едукативниот центар М6 е клучна алка за успешен развој на целокупната македонска заедница.

 

 

Комерцијален текст