Претходна статија
Споменикот „Воин на коњ“ свечено претставен на Денот на независноста
Следна статија
И во Кичево се отвори индустриска зона

„Лукоил“ отвори нова бензинска станица во Охрид

Објавено на 10.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ денеска ја отвори 16 – тата бензинска пумпа во земјава и прва од оваа компанија во Охрид. Новиот објект во Охрид се наоѓа спроти главната автобуска станица, а покрај нафтени деривати, на граѓаните како пропратни содржини им се на располагање минимаркет и кафе – бар. Генералниот директор на „Лукоил“ за Македонија Андреј Куку се надева дека до крајот на годинава ќе се отворат нови објекти на компанијата. „Ние ќе се потрудиме, со помошта на македонската влада, во текот на оваа година да славиме по повод отворањето на 20 – та бензиска станица во Македонија“, изјави Куку.

 

Според официјалната веб – страница на компанијата, „Лукоил“ во моментов гради уште две бензински станици во земјава, една на излез од градот Куманово, на автопатот кон Скопје и една на автопатот Скопје – Велес, кај Башино Село. Оваа компанија досега отвори 16 пумпи во Скопје, Охрид, Штип, Прилеп, Битола, Струмица, Велес, Кичево, Куманово и на превојот Стража. Првиот објект на „Лукоил Македонија“ почна со работа на 1 септември 2006 година, а компанијата до денес има вложено повеќе од 30 милиони евра во земјава.

 

 

Бојан Блажевски