Претходна статија
Пораст на бројот на предвидените станови за градење во текот на февруари
Следна статија
ТЕМА: Железничко поврзување на аеродромот и воведување на алтернативен јавен превоз се неопходни за Скопје

Лукоил отвори бензинска пумпа во Куманово, Владата изготви листа на локации за изградба на нови

Објавено на 07.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извор: ЛукоилРуската нафтена компанија Лукоил денеска ја отвори својата најголема бензинска пумпа во Македонија. Новиот објект е лоциран на излезот од Куманово кон Скопје и се простира на две нивоа, од кои првото излегува на автопатот Куманово – Скопје, додека второто, горно ниво излегува на локалниот пат Куманово – Романовце. На вкупна површина од 6.000 метри квадратни, сместени се два големи супермаркета, паркинзи за тешки товарни возила и автобуси, туш кабини и голем ресторан. Од руската компанија истакнуваат дека до крајот на годинава планираат да пуштат во употреба уште три нови бензински пумпи, а денешната е 17-та по ред отворена во Македонија.

 

Во меѓувреме, Министерството за транспорт и врски ја објави листата на локации погодни за изградба на бензински пумпи долж автопатот Скопје – Куманово и покрај патниот правец Скопје – Гевгелија, во близина на Демир Капија и Гевгелија. Градежните парцели се во сопственост на приватни лица, кои се согласни информациите за нивните земјишта да се објават во јавност. Со цел да им се помогне на потенцијалните инвеститори, македонската влада и надлежното министерство изготвија листа од 36 локации долж автопатот Скопје – Куманово во Романовце и Агино Село и 18 локации долж патот Скопје – Гевгелија во Мрзенци и Демир Капија, кои се погодни за подигање на бензински станици и попатни придружно – услужни објекти. Министерството во иднина планира да публикува дополнителни листи на локации за повеќе делови од Македонија кои се соодветни за оваа намена.