ЛУКОИЛ Македонија ја отвори новата бензинска станица во Гевгелија, на автопатот Е 75, пред македонско – грчкиот граничен премин „Богородица“. Станува збор за 30 – та бензинска станица отворена од оваа руска компанија во нашата земја, која што е реализирана во соработка со компанијата „Ранерс“. Бензинската станица во Гевгелија е изградена во согласност со новиот корпоративен стил на компанијата. Станицата се простира на површина од 3.400 метри квадратни, вклучувајќи го објектот од 420 метри квадратни.
*Извор на фотографија: ЛУКОИЛ Македонија
Покрај бензините што ги нуди ЛУКОИЛ, новиот објект располага со ресторан и паркинг за лесни и тешки моторни возила. Оваа бензинска станица ќе им овозможи на македонските возачи да наточат гориво пред да ја напуштат Македонија во правец кон Грција.