Референдуми за „Казандол“ во Дојран на 23 јули, во Валандово на 20 август
По бројните перипетии во односите меѓу општинските совети и градоначалниците, Дојран и Валандово ги определија датумите за одржување на референдуми околу изградбата на рудници на нивната територија. Советот на општина Дојран по трет пат ја поддржа одлуката за граѓанско изјаснување, закажувајќи го референдумот за 23 јули. Во избирачкиот список се запишани околу 2.900 жители