Се бара проект за надградбата на Домот на културата „Глигор Прличев“ во Охрид
Министерството за култура денеска го објави тендерот за избор на проектантска куќа што ќе го изготви основниот проект за реконструкција, адаптација, надградба и доградба на Домот на културата „Глигор Прличев“ во Охрид. Изработката на проектната документација за објектот во строгиот центар на градот е проценето дека ќе чини 20 милиони денари, без вклучен ДДВ.