Наскоро реконструкција на Центарот за култура во Кочани
Со буџетски средства на Министерството за култура ќе започне реконструкцијата на зградата на националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ во Кочани. Според информациите објавени од Министерството за култура, градежните работи ќе се реализираат во два дела. Во првата фаза ќе се реконструира дрвенаријата и фасадата на Центарот, додека со втората фаза ќе биде