15 општини добија 56,3 милиони денари за проекти за управување со водите
Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ги потпиша договорите за распределба на средствата предвидени за 15 општини за проекти за управување со водите. Од државниот буџет се обезбедени 56,3 милиони денари за претстојните инфраструктурни проекти, коишто ќе се изведуваат во општините Кичево, Брвеница, Сарај, Крушево, Чучер Сандево, Демир Капија, Теарце,