За автопатот Гостивар – Кичево се обезбедија првите 20 милиони евра
Првата секција од идниот автопат Гостивар – Кичево ќе се гради со неповратни средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) и со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Првите 12,7 километри од идниот автопат меѓу Гостивар и Кичево ќе се поддржат во изградбата со средства во висина од 20.348.000 евра.