Претходна статија
Со 1,12 милиони евра ќе се модернизира трансформаторската станица во Прилеп
Следна статија
Со 28,5 милиони евра ќе се гради втората фаза од хидросистемот „Лисиче“

Линданот од „ОХИС“ ќе се расчистува со помош на Норвешка и Обединетите нации

Објавено на 12.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Се гледа ли крајот на деценискиот проблем со опасната депонија во кругот на некогашната фабрика „ОХИС“ во Скопје? Владата на вчерашната седница прифати да потпише Меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата надлежна за Србија, Црна Гора и Македонија за заедничка реализација на проектот за чистење на дворните површини на фабриката „ОХИС“ во Скопје.

 

 

„Успешната имплементација на проектот има за цел создавање на Фонд, како систематски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со Европските стандарди“, се наведува во соопштението на владината прес – служба.

 

Депонијата со линдан во кругот на фабриката „ОХИС“ е едно од најопасните еколошки жаришта на територијата на Македонија. Произведените 13.000 тони линдан се помешани со околу 20.000 тони земја во текот на 70-тите години од минатиот век и се оставени на отворен простор во дворот на овој некогашен гигант. Со помош на ветерот, овој опасен отпад се разнесува во почвата до околните населени места во Лисиче, Драчево и Припор, а голем проблем претставува и загадувањето на подземните води со овој инсектицид. Македонските влади во неколку наврати се обидоа да го решат проблемот преку негова деконтаминација, дислокација или физичко затворање на депонијата во нов објект, но досега не се реализираше ниту една ефикасна мерка за надминување на оваа еколошка опасност.