Претходна статија
Ќе се реконструира булеварот „Ослободување“ во Кичево
Следна статија
Македонските проекти од Венециското биенале на архитектурата прикажани пред скопјани

Летово нови плажи на Дојранското и на Преспанското езеро

Објавено на 13.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски продолжува со реализација на проектот за уредување на 1,2 километри плажи на бреговите на Дојранското и на Преспанското езеро. Денеска е објавен јавен оглас за избор на изведувач на новата плажа во населбата Стење во должина од 500 метри и дополнителни 100 метри во преспанската населба Сливница. Проценетата вредност на зафатот изнесува 33.898.305 денари, без вклучен ДДВ. Градежните активности треба да се завршат во рок од четири месеци, при што изведувачот треба да се држи до избраното идејно решение на авторот Васко Крстевски. Фирмите што се заинтересирани за учество на тендерот треба да ги поднесат понудите до надлежното министерство најдоцна до 3 април.

 

Во меѓувреме, потпишан е договорот за уредување на плажата во централното градско подрачје на Дојран, проект што треба во најскоро време да започне со реализација. Фирмата „Конструктор Рената и др. ДОО“ од Скопје е избрана за изведувач на работите и истата треба да ги комплетира активностите за уредување на плажата во должина од 600 метри врз основа на изготвениот архитектонски труд на бирото „Астрекс“. Од државниот буџет за оваа намена се одвоени финансиски средства во износ од 58.173.899 денари (околу 940 илјади евра), а рокот за нејзино уредување е четири месеци или 120 работни денови.

 

Покрај поставување на нов песок и хортикултурно уредување на просторот, идните плажи на Дојранското езеро и на Преспанското езеро ќе бидат опремени со тушеви, санитарни јазли, урбана опрема, чадори, лежалки и други реквизити, а ќе се постават и шанкови за услужување на посетителите.