Претходна статија
Бесплатен паркинг за граѓаните од Центар, проблемите остануваат
Следна статија
Скопје: помеѓу утопијата и прагматизмот

Летово ќе профункционира Центарот за управување и контрола на сообраќајот во Скопје

Објавено на 12.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Град СкопјеЦентарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) ќе започне со работа во текот на летните месеци со првите 30 поврзани сообраќајници од централното градско подрачје на Скопје, а до крајот на годината проектот ќе се заокружи со предвиденото поврзување на 90 крстосници. Градоначалникот Коце Трајановски денеска ги посети просториите, од кои во иднина ќе биде управуван семафорскиот систем и ќе биде набљудуван сообраќајот на скопските улици. „На околу 90 крстосници во коловозот ќе бидат инсталирани детекторски индуктивни јамки, кои ќе бројат и детектираат возила, ќе бидат поставени 50 камери преку кои ќе се врши визуелен мониторинг на сообраќајните текови и ќе бидат инсталирани 47 семафорски контролери“, изјави Трајановски.

 

Целокупниот систем ќе биде поврзан со оптичка мрежа, со што ќе се овозможи намалување на сообраќајниот метеж преку контрола на семафорските сигнали, давање приоритет и информирање на возачите од јавниот превоз од страна на контролната соба. На овој начин ќе се намали сообраќајното оптоварување на крстосниците. Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе има и задача да собира податоци за сообраќајот во реално време. Со реализацијата на проектот ќе се намали времето на патување на граѓаните, ќе се намали загадувањето од сообраќајот, но и потрошувачката на гориво од автомобилите. Автоматизираното управување на сообраќајот во Скопје е финансирано со заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 2,6 милиони евра. Изведувач на работите е „Сварко системс“ од Германија, со подизведувач „Елком констракшн“ од Скопје.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект