Претходна статија
Младите архитекти против идните „барокни“ фасади во Скопје
Следна статија
Општина Центар инвестира во деветта термичка фасада

Летен кампус за хуманата екологија на Стара Планина во Србија

Објавено на 21.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Серија од настани кои го промовираат концептот на хумана екологија ќе се одржат претстојното лето во селото Славиња, сместено на падините на Стара Планина на југот на Србија. Центарот за хумана екологија во пролетните месеци ќе го подготви павилјонот за одржување на летните активности, за која активистите бараат помош и сугестии од заинтересираните македонски интелектуалци од областа на архитектурата и ентериерниот дизајн. Станува збор за павилјон со атрактивно архитектонско решение, кој е отпочнат со издигнување во 2013 година. Досега е завршен првиот кат и приземјето, додека самото исклучително здание е предвидено да се простира на приземје, кат и тавански простории со површина од 450 метри квадратни.

 

 

 

За павилјонот е изработено архитектонско решение, кое може да претставува образец за моделирање на конечната одлука и флексибилниот ентериер. Градбата треба да биде завршена до јули, кога е планирано да се создаде адекватен простор за престој на 50 лица. Од Центарот за хумана екологија пројавуваат интерес за учество на македонски граѓани на летниот камп, кои како учесници би ја проучувале врската на архитектурата со екологијата.

 

Претстојните случувања на Стара Планина се поделени на три различни настани. Во периодот од 22 до 24 јули ќе се одржи семинар за хумана екологија, вклучувајќи и тематска сесија за перспективите на де-урбанизацијата. Балканскиот форум за заштита на животната средина е предвидено да се реализира на 24, 25 и 26 јули, додека програмата за облагородена култура на живеење ќе се одржи во периодот од 28 до 31 јули. Сите три настани се отворени за 40 студенти од хуманистичките науки и од уметничките академии од Србија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Украина.

 

Хуманата екологија е ново мултидисциплинарно научно подрачје што задлабочено ја третира проблематиката за начинот на живот на современиот човек и неговиот однос со природата. Со помош на Центарот за хумана екологија во Глазгов, на подрачјето на Балканскиот полуостров за прв пат е отворен ваков центар во Србија. Главната мисија на центарот е промовирање на перспективите на де-урбанизација и создавање на сеопфатни услови за враќање на човекот кон природата.

 

Повеќе информации околу изградбата на самото здание » овде.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk