Претходна статија
ЕБРД во потрага по консултант за проектна и тендерска документација за пругата од Бељаковце до Крива Паланка
Следна статија
Помрдната од мртва точка иницијативата за ски - центар на Галичица

Леарницата „Гвастини“ ќе испорача нови споменици од проектот Скопје 2014

Објавено на 07.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар ги избра понудите на италијанската леарница „Гвастини“ за лиење во бронза на спомен – обележјата на Христо Татарчев, Павел Шатев, Кузман Јосифовски – Питу, Јосиф Багери и Неџат Аголи. За сума од 18.877.758 денари или околу 300 илјади евра финално ќе се изработат спомениците на овие личности. Засега е непознато кој ќе го лее паметникот на Пјетр Богдани, за кој исто така беше распишан оглас од страна на локалната самоуправа. Цената за изработката на овие пет обележја е значително помала во споредба со претходните споменици со слични димензии изработени од бронза, за кои беа издвојувани и над десет пати поголеми суми .

 

Новата тура споменици е предвидено да се смести во централното градско подрачје. Споменикот на Христо Татарчев ќе се постави на аголот од улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски, Кузман Јосифовски – Питу ќе се издигне во близина на споменикот посветен на Македонските бранители во Жена – паркот, а оној на Павел Шатев ќе се лоцира на аголот од подземниот влез на Градски Трговски Центар. Албанскиот културен деец Јосиф Багери ќе се исправи пред Стариот театар, додека обележјата на Пјетр Богдани и Неџат Аголи ќе бидат поставени на плоштадот Македонија и во Жена – паркот.