Претходна статија
Трговскиот центар „РЕМ“ во Тетово отворен за посетителите
Следна статија
МЖ - Транспорт ќе реконструира 60 товарни вагони

Лани се регистрирани 1.275 нови дивоградби

Објавено на 19.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На територијата на Република Македонија во текот на минатата година биле регистрирани нови 1.275 бесправно изградени објекти. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, од нив 247 се објекти за домување (19,4%), 174 се доградби, надградби и адаптации (13,6%), 108 се деловни објекти (8,5%), 100 се гаражи (7,8%), 201 се огради (15,8%), 13 се скалила (1%), 105 се настрешници (8,2%), 126 се времени објекти (9,9%), 132 се помошни објекти (10,4%), 58 се тераси (4,5%), а 11 се летни тераси (0,9%).

 

Најмногу од новите дивоградби во 2013 година се евидентирани во Скопје (484), по што следат Охрид (94), Струмица (73), Прилеп (43), Штип (41), Липково (40), Струга (35), Куманово (31), Чашка (27), Дебар (27), Тетово (21), Кичево (20), Кочани (20), а во другите општини бројот е помал. Најголем број бесправно изградени објекти, односно 98,3% се во приватна сопственост.

 

Во меѓувреме продолжува процесот на легализација на дивоградбите во земјава кој започна во март 2011 година. На почетокот на годинава беше продолжен рокот за доставување на елаборати за легализација на дивоизградените објекти до 31 декември 2015 година, а рокот за легализација на терасите што се пренаменети во станбен простор е продолжен до 30 јуни 2015 година.