Денес беше пуштен во употреба нов водовод во општина Петровец, кој со квалитетна вода ќе ги снабдува населените места Петровец, Р’жаничино, Огњанци и Чојлија. Водоводот е изграден со грант од јапонската влада во висина од 5,1 милиони евра. Дистрибутивната мрежа е со вкупна должина од 700 метри, а секундарната водоводна мрежа е со должина од 26.300 метри. Со овој водовод квалитетна вода за пиење ќе добијат околу 5.000 жители од четирите населени места.