Претходна статија
Министерството за животна средина нема ништо против изградбата на ХЕ „Бошков мост“
Следна статија
Кенго Кума: Природата е инспирација од која ги црпам моите идејни решенија

Квалитетна оплата – предуслов за квалитетна градба

Објавено на 14.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Шперплочата e материјал со извонредни карактеристики и флексибилност, кој наоѓа многу широка примена. Овој материјал сопствената вредност и прилагодливост ја докажал низ својата историја долга над 6000 години, а денешната висока технологија на изработка овозможува производство на разни типови на шперплоча со уште посупериорни својства и голем степен на флексибилност во поглед на специфичните барања за разни видови на употреба. Водоотпорната шперплоча меѓудругото претставува идеален избор и кога станува збор за бетонско шаловање. Ние во „Елкотехна“ постојано ги следиме најновите технолошки достигнувања на ова поле. Низ годините создадовме асортиман на производи, кои по својот квалитет и конкурентност се во врвот на македонскиот пазар. Ова е дел од нашата понуда:

 

 

 

 

 

Водоотпорна тополова шперплоча (оплата) за бетонско шаловање, WELDE – АвстријаВодоотпорна тополова шперплоча (оплата) за бетонско шаловање, WELDE – Австрија

 

 

Овие висококвалитетни оплати се произведени од единечни парчиња на фурнир, надворешните страни се обложени со 120 грамски хартинг филм DYNEA, а кантовите се обложени со акрилна боја. Вака дизајнираната оплата е целосно водоотпорна и при правилна употреба може да биде искористена и преку 20 пати. Нејзините супериорни карактеристики вклучуваат голема физичко – механичка издржливост, низок степен на абење, висок квалитет на површината на бетонот, како и лесно чистење и припремање на плочите за следната употреба.

 

Димензии:

– Должина, милиметри: 2500 ± 2.0

– Ширина, милиметри: 1250 ± 2.0

– Дебелина, милиметри: 12, 15, 18 и 21

 

На барање на клиентот, постои можност да се произведат и вон стандардните дебелини.

 

 

 

 

 

Водоотпорна тополова шперплоча, КинаВодоотпорна тополова шперплоча (оплата), Кина

 

 

Овој производ има најниска цена на пазарот, но воедно и најмал век на употреба. Поради соодносот на цената со бројот на потенцијални употреби, оваа оплата е неекономична во одредени ситуации, но е исклучително погодна за мали проекти или за кроење на мали парчиња, со цел да се заштеди квалитетната оплата. Се испорачува во иста димензија и дебелина како и WELDE шперплочата.

 

 

 

 

 

Оплатно масло - OплатолОплатно масло – Oплатол

 

 

Италијански еко – производ кој ги задоволува европските норми за заштита на човековата околина и обезбедува одлична заштита на оплатите и на бетонот во процесот на бетонирањето. Основната намена на производот е да овозможи лесно отстранување на оплатите од бетонот и при тоа да не дојде до оштетување на обете површини, со што на оплатите значително им се зголемува векот на употреба, а на бетонот му се дава висок сјај и млечно бела боја. Се испорачува во туби од 25 литри концентриран оплатол, од кој се добива 250 до 375 литри производ спремен за употреба.

 

 

 

 

 

Жолта (3-слојна) оплатаЖолта (3-слојна) оплата

 

 

Овој тип на оплата е добиен со слепување на три слоја дрво (елка/смрека), при што страните се премачкани со дебел слој на меламинска смола за импрегнација. Најчесто се користи за бетонски столбови со дебелина од 15 до 95 сантиметри, но исто така може да се користи и за бетонски платна и плочи. Одлични резултати и исклучително брза монтажа и демонтажа се постигнува кога оваа оплата се употребува во комбинација со оковот за шаловање (винкли, дистанцери, кравати).

 

 

 

 

 

ВинклиВинкли

 

 

Се користат во комбинација со жолтата оплата за бетонирање на столбови. Во зависност од тоа кои димензии на столбови треба да се направат, се произведуваат два типа – од 15 до 45 сантиметри и од 50 до 95 сантиметри.

 

 

 

 

 

Градежни клинциГрадежни клинци

 

 

Италијански производ со врвен квалитет, произведен од најквалитетна жица. Се испорачува во кутии од 5 килограми.

 

 

 

 

 

 

Суровинска тополова шперплоча WELDEСуровинска тополова шперплоча WELDE

 

 

Овој производ наоѓа широка примена во индустријата за мебел, амбалажа, палети, производство на играчки и слично. Во процесот на пресување на фурнирите се користи фенолно WBP лепило кое е најбезбедно од сите лепила и обезбедува водоотпорност и заштита од микроорганизми. Вкрстеното поставување на фурнирите гарантира исклучителни механички својства, а шперплочата како материјал воопшто има подобра реакција на температурни влијанија во споредба со слични материјали направени од пластика или метал. Производот се испорачува во разни дебелини од 4 до 30 милиметри.

 

 

 

 

 

Водоотпорна тополова шперплоча WELDE wiremesh за обложување на подовиВодоотпорна тополова шперплоча WELDE wiremesh за обложување на подови

 

 

Овој тип на водоотпорна шперплоча е специјално дизајниран за обложување на секаков вид на подови, како на пример кај транспортните возила, пик-ап возила, сите видови на комби возила, автобуси, а исто така  платформи или бини од привремен или траен карактер и слично. Предноста што ја нуди овој производ во однос на другите е исполнувањето на сите безбедносни норми како и рапавата (релјефна) површина која служи како газиште кај кое не постои можност од лизгање на луѓето или товарот кој се превезува. Зависно од тоа за каква намена се користи, доаѓа во различни дебелини со цел да ги издржи потребните оптоварувања.