Претходна статија
За 13,5% се намалила бројката на предвидени станови за градење во февруари
Следна статија
Гостивар бара нов концесионер за зонското паркирање во градот

Кумановски „Простор“ ќе го изработи проектот за дистрибутивната гасоводна мрежа во Штип

Објавено на 13.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Проектантското биро „Простор“ од Куманово е избрано за најповолен понудувач на тендерот за изработка идеен и основен проект за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во Штип. Како што пренесува штипската телевизија „Стар“, градоначалникот Благој Бочварски во изјава за медиумите посочил дека општината за предвидената проектна документација ќе плати 12.000 евра, односно седум пати поевтино од планираното. „Изведувачот има рок од 3 месеци да го изработи идејниот проект и дополнително уште 3 месеци да го заврши и основниот проект“ изјави градоначалникот Бочварски.

 

 

Со успешно реализираниот тендер, Општина Штип ја доби можноста во целост да ја комплетира проектната документација до крајот на 2018 година. Ова би значело дека во текот на наредната година ќе започне изведбата на првите километри од дистрибутивната гасоводна мрежа, со што ќе се овозможат и првите приклучоци на природен гас во Штип. Во согласност со општинските проекции, во Штип во следните години ќе треба да се изгради подземна мрежа во должина од 20 километри, со што целосно би се довел природниот гас до штипското стопанство и домаќинства.