Претходна статија
Општина Охрид сама ќе изработи идејно решение за Кејот „Македонија“
Следна статија
Втор тендер за реконструкција на главната пошта во Скопје

Кумановски „Простор“ ќе го докомплетира проектот за автопатот Гостивар – Кичево

Објавено на 09.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Најдоцна за 10 месеци треба да се докомплетира проектната документација за изградба на најавениот автопат од Гостивар до Кичево. Друштвото за планирање, проектирање и инженеринг „Простор“ од Куманово треба да ја изработи документацијата на ниво на инфраструктурен проект за идниот државен пат што треба да се гради од приватен инвеститор по пат на концесија. За изготвување на неопходната проектна документација од државниот буџет се издвоија финансиски средства од 11.785.840 денари. Додека трае изработката на проектот, македонската влада треба да избере концесионер што ќе ја реализира оваа автопатска делница од паневропскиот Коридор 8.

 

Од она што досега е познато во јавноста, идниот приватен партнер на државата ќе ги добие на управување патарините на потегот од Скопје до Охрид, а за возврат ќе треба да инвестира во изградба на автопатот Гостивар – Кичево. Извршната власт веќе три години ги користи советодавните услуги на меѓународната консултантска куќа International Finance Corporation за обезбедување на совети и за изработка на студии за проектот за изградба, одржување и наплата на патарини на Коридорот 8.

 

 

Бојан Блажевски