Претходна статија
53 милиони денари за реконструкција на кумановскиот градски водовод
Следна статија
Поништен тендерот за реконструкција на 13 училишни објекти

Куманово сака да гради дополнителни 25 километри гасоводна мрежа

Објавено на 02.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проектантското биро „Простор“ од Куманово е избрано за да го изработи основниот проект за изведба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Куманово. Проектната документација ќе чини над 3,8 милиони денари и истата претставува основа на натамошно надоградување на постојната гасоводна мрежа во градот. Основниот проект ќе се однесува на нова гасоводна инфраструктура во должина од 25 километри, која би овозможила годишна потрошувачка од 1.500 метри кубни природен гас.

 

 

Како што се наведува во договорот, проектната документација ќе се изготви во рок од 220 дена по потпишувањето. Општина Куманово со ваквиот потег сака подготвено да го дочека проширувањето на гасоводната мрежа во наредните години. Само за годинава од општинскиот буџет се обезбедени средства за изградба на 4 километри дистрибутивна мрежа низ Куманово.