Претходна статија
Друштвото за патишта одбележа 45 години од основањето
Следна статија
Скопскиот „Александар Велики“ за влакно го избегна милионитиот патник

Куманово размислува гасификацијата да ја препушти на приватниот сектор

Објавено на 09.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Јавното претпријатие „Куманово – гас“ е пред продажба, а конечната одлука за ваквата постапка треба да ја изгласа Советот на општина Куманово. Локалната самоуправа од градот се одлучи на овој чекор поради нужното подмирување на долговите поради кои е блокирана општинската сметка веќе една година. Вредноста на ова претпријатие е проценета на 2,8 милиони евра, при што на идниот приватен партнер преку берзанска трансакција би му се продал управувачкиот пакет на акции. И покрај трансформацијата на „Куманово – гас“, тоа ќе треба да продолжи да ја развива неопходната гасоводна инфраструктура. Општината ќе го даде на продажба и комерцијално – деловниот простор во рамките на затворениот базен, а од собраните финансиски срества се надеваат дека ќе можат да ги реализираат ветените проекти.

 

„Ако можеше Топлификација од Скопје да се продаде, не гледам зошто не и ние, на еден транспарентен начин на берза да го направиме истото“, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски за локалниот интернет – портал „Куманово Њуз“. Општина Куманово веќе неколку години наназад инвестира во изградба на гасоводната инфраструктура во градот. Гасот во текот на оваа грејна сезона го користат стотина правни субјекти и физички лица, а се очекува нивниот број и понатаму да се зголемува. Во градот досега се изведени 16.260 километри гасоводна мрежа, со што е обезбедена можноста за натамошно приклучување на граѓаните и на компаниите.