Претходна статија
Со кредит од ЕИБ ќе се менуваат водомерите во скопски Карпош
Следна статија
Предавање и работилница FORENSIC ARCHITECTURE: Unearthing State Violence во МСУ

Куманово почна со гасификација и на станбените згради

Објавено на 25.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово преку ЈП „Куманово-гас“ продолжува со проширувањето на секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа низ градот. Како што информираат од оваа општина, деновиве е завршено приклучувањето на една од најголемите станбени згради во Куманово, лоцирана кај Градскиот базен. Со ваквиот чекор, локалните власти се обидуваат да ја прошират бројката на корисници на природниот гас и на домаќинствата. Со досегашните зафати во Куманово е изградена дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од околу 15 километри.

 

 

Локалните власти во изминативе години успеаја да го спроведат гасоводот на дел од улиците „Октомвриска револуција“, „3-та Македонска ударна бригада“, „ББ Гуцман“, „Егејска Македонија“, „Иго Тричковиќ“, „Кирил и Методиј“, „Љупчо Арсов“, „Среќко Пужаљка“, „Професор Мијалковиќ“, „Треска“, „Братство и Единство“, „Пионерска“, „Париска Комуна“, „Димитар Влахов“, „29-ти Ноември“, „Питу Гули“, „Пере Тошев“, „Карл Маркс“, „Владимир Надзор“ и „Вардарска“. Со предвидените општински средства за 2018 година треба да се изведат гасоводни цевки во должина од 4 километри низ улиците на Куманово.

 

Општинските власти информираат дека цената на приклучок на гасоводот е 800 евра, при што локалната самоуправа ќе го субвенционира секој приклучок со по 10.000 денари. Од локалниот буџет за субвенционирање на граѓаните за оваа намена се издвоија 1.000.000 денари. Останатите средства за приклучувањето може да се платат на 12 месечни рати.