Претходна статија
ЕБОР ја одобри набавката на 35 нови автобуси за ЈСП-Скопје
Следна статија
Со дрон ќе се откриваат загадувачите на воздухот во Скопје

Куманово напролет ќе ја добие првата монтажна гаража за паркирање

Објавено на 13.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово издвои над 15,2 милиони денари за изградба на првата монтажна гаража за паркирање во градот. Објектот ќе биде лоциран пред Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во строгиот центар на Куманово. Со изведбата на монтажниот паркинг ќе треба да се обезбедат дополнителни паркинг места, со што барем делумно ќе се реши проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. Монтажната паркинг платформа треба да биде завршена во рок од 6 месеци, што би значело дека кумановчани ќе можат да ги паркираат нивните возила на неа веќе наредната пролет.

 

Модуларната еднокатна конструкција за паркирање ќе биде изработена и поставена во центарот на Куманово од делчевската фирма „ГЕО ИНГ“. Со нејзината изведба ќе биде овозможено двојно да се зголеми бројот на места за паркирање на постојната локација. Општина Куманово во наредниот период би изградила дополнителни монтажни паркинзи и на други локации во градот.